Симиќ: Ги презентиравме нашите барања до КФОР, чекаме одговор

КФОР со војници вооружени со долги цевки и опрема за разбивање демонстрации беа распоредени пред општинските згради во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток. Внатре во зградите има припадници на косовската полиција. Полицијата употреби солзавец пред општина Звечан против вработени во локалната самоуправа. Претставниците на Српската листа доставиле две барања до... Текстот Симиќ: Ги презентиравме нашите барања до КФОР, чекаме одговор е превземен од А1он.

Симиќ: Ги презентиравме нашите барања до КФОР, чекаме одговор

КФОР со војници вооружени со долги цевки и опрема за разбивање демонстрации беа распоредени пред општинските згради во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток. Внатре во зградите има припадници на косовската полиција. Полицијата употреби солзавец пред општина Звечан против вработени во локалната самоуправа. Претставниците на Српската листа доставиле две барања до КФОР, кои очекуваат да ги проследат до претставниците на полицијата – новите градоначалници Албанци да не влегуваат во општинските згради и специјалните единици на косовската полиција веднаш да се повлечат. Во моментов го чекаат одговорот на КФОР.

Потпретседателот на Српската листа Игор Симиќ изјави дека разговарале со полковникот на КФОР Небис, кој ја презеде командата во Звечан.

„Покажа разбирање за загриженоста, разбира зошто луѓето се тука. Не сакавме да зборуваме за ситници, испративме јасна порака дека сржта на проблемот е незаконското присуство во општинската зграда, нема причина да губиме време зборувајќи за возила. Бараме тие што се нелегално влезени да ја напуштат зградата и после тоа зградата ќе биде обезбедена од КФОР и потоа ќе се разделиме. Сега чекаме одговор, разговараат со претпоставените“, изјави Симиќ.

Тој побара од новинарите да испратат слика од протестот до светот, на која ќе се покаже дека се работи за мирен протест.

„Сите се мирни и присебни, ги бранат своите основни права“, рече Симиќ.

Текстот Симиќ: Ги презентиравме нашите барања до КФОР, чекаме одговор е превземен од А1он.