Скопјанец пријавил дека насилно му ја зеле невестата од Албанија

27-годишна жена од Албанија која живеела во земјава насила била принудена да замине со нејзината мајка и уште три лица. Ваква пријава во полицијата поднел нејзиниот невенчан партнер кој навел дека жената била грабната од пред фабриката во тетовско каде што работеле двајцата. – На 17.06.2023 во 01.45 часот во... Текстот Скопјанец пријавил дека насилно му ја зеле невестата од Албанија е превземен од А1он.

Скопјанец пријавил дека насилно му ја зеле невестата од Албанија

27-годишна жена од Албанија која живеела во земјава насила била принудена да замине со нејзината мајка и уште три лица. Ваква пријава во полицијата поднел нејзиниот невенчан партнер кој навел дека жената била грабната од пред фабриката во тетовско каде што работеле двајцата.

– На 17.06.2023 во 01.45 часот во Полициска станица Тетово Ј.Р.(36) од Скопје пријавил дека на 16.06.2023 околу 21.45 часот на паркинг пред фабрика во тетовско каде работеле заедно со неговата невенчана сопруга К.Т.(27) од Р.Албанија со престој во Тетово, К.Т. од страна на нејзината мајка Б.Т. и три други лица со употреба на сила била принудена да замине со возило со нив, се наведува во информацијата од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Текстот Скопјанец пријавил дека насилно му ја зеле невестата од Албанија е превземен од А1он.