Следната недела средба меѓу Ковачевски и Мицкоски

Во среда би требало да се одржи средбата на премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Според информациите на МИА, разговорите најверојатно ќе се одвиваат во Клубот на пратеници. Засега за часот и форматот на оваа средба нема информации. Ковачевски најави средба со Мицкоски... Текстот Следната недела средба меѓу Ковачевски и Мицкоски е превземен од А1он.

Следната недела средба меѓу Ковачевски и Мицкоски

Во среда би требало да се одржи средбата на премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Според информациите на МИА, разговорите најверојатно ќе се одвиваат во Клубот на пратеници.

Засега за часот и форматот на оваа средба нема информации. Ковачевски најави средба со Мицкоски и со тимовите од двете страни, додека Мицкоски вчера изјави дека преферира тет-а-тет средба затоа што според неговото искуство од тимските средби никогаш не произлегуваат заклучоци.

Премиерот Ковачевски кажа дека теми на разговор би биле одлуките што се потребни за европската интеграција на државата, додека Мицкоски смета дека треба да се разговара и за тоа што доколку уставните измени не ја добијат потребната поддршка. ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека нема да гласаат за овие измени и дека треба да се оди на есенски избори.

Текстот Следната недела средба меѓу Ковачевски и Мицкоски е превземен од А1он.