Сончево и топло до 33 степени, стабилно време и во наредните денови

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 33 степени. Во Скопје сончево и топло со мала облачност и... Текстот Сончево и топло до 33 степени, стабилно време и во наредните денови е превземен од А1он.

Сончево и топло до 33 степени, стабилно време и во наредните денови

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 33 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне 31 степен.

Според прогнозата на УХМР, во следните денови ќе преовладува претежно стабилно и топло време, а само во среда и четврток ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд во планинските подрачја.

За време на викендот се очекува локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Текстот Сончево и топло до 33 степени, стабилно време и во наредните денови е превземен од А1он.