Тасевска: Преку Феникс, ДПМНЕ има украдено 33 градинки

Последниот случај Феникс и истрагата што ја отвори надлежна институција, Обвинителство, сомничи 15 лица, меѓу кои поранешни највисоки функционери на ДПМНЕ. Осомничените се теретат за злоупотреба на 57 милиони евра, пари на граѓаните, за 11 споменици од Скопје 2014 рече на прес конференција пратеничката на СДСМ Лидија Тасевска. – Но,... Текстот Тасевска: Преку Феникс, ДПМНЕ има украдено 33 градинки е превземен од А1он.

Тасевска: Преку Феникс, ДПМНЕ има украдено 33 градинки

Последниот случај Феникс и истрагата што ја отвори надлежна институција, Обвинителство, сомничи 15 лица, меѓу кои поранешни највисоки функционери на ДПМНЕ. Осомничените се теретат за злоупотреба на 57 милиони евра, пари на граѓаните, за 11 споменици од Скопје 2014 рече на прес конференција пратеничката на СДСМ Лидија Тасевска.

– Но, обемот на овој историски криминал најдобро се гледа ако се спореди вредноста на злоупотребените пари. На пример, една нова, современа и целосно опремена детска градинка за 200 дечиња чини околу 1,5 – 1,7 милиони евра. Тоа значи дека за 57 милиони евра можело да се изградат 33 нови детски градинки ширум државата. Не се мислело на тоа да се создадат подобри услови за најмладите, не се мислело да се обезбеди соодветен капацитет, се мислело само на лично богатење, вели Тасевска.

Текстот Тасевска: Преку Феникс, ДПМНЕ има украдено 33 градинки е превземен од А1он.