Таткото на убиецот од Врачар барал нотар да направи полномошно за да може да го продаде својот имот

Вишиот управен суд во Белград донесе одлука со која В.К. на таткото на момчето убиец му забранува да располага со имотот откако побара нотар да дојде да го посети во притвор. Неговата намера била да ја завери потребната документација, за да може да располага со својот имот, дознава српски „Блиц“.... Текстот Таткото на убиецот од Врачар барал нотар да направи полномошно за да може да го продаде својот имот е превземен од А1он.

Таткото на убиецот од Врачар барал нотар да направи полномошно за да може да го продаде својот имот

Вишиот управен суд во Белград донесе одлука со која В.К. на таткото на момчето убиец му забранува да располага со имотот откако побара нотар да дојде да го посети во притвор. Неговата намера била да ја завери потребната документација, за да може да располага со својот имот, дознава српски „Блиц“.

Семејствата на убиените деца подигнаа имотно правно барање по смртта на нивните деца при сведочењето во Обвинителството во истрагата што се води против В.К. поради сомнение дека не ги обезбедил пиштолите за кои имал дозвола, а кои потоа ги зел неговиот син и извршил масовно убиство во Основното училиште „Владислав Рибникар“.

– Адвокатот на семејствата поднесе барање до Вишиот суд да му забрани на таткото на момчето убиец да располага, отуѓува и оптоварува со недвижниот и движен имот што го поседува, а кој опфаќа стан во Белград, делови од деловен простор во Белград и патничко моторно возило. Со оглед на тоа што таткото на момчето-убиец побарал нотар за да му овозможи да располага со својот имот, што значи дека може и да го продаде, судот донесе одлука да му забрани тоа – велат извори на „Блиц“.

Тоа значи дека В.К. нема да може да продаде ништо што е во негова сопственост се додека трае истрагата или постапката против него. Само кога ќе се донесе конечна одлука – ќе биде осуден или ослободен, ќе може да располага со својот недвижен имот.

– Во случај да биде осуден, ќе има средства со кои ќе се подмират барањата на семејствата на убиените деца. Судот штити семејства, а со оваа одлука тој нема да може да продаде ништо додека трае постапката – вели изворот на „Блица“.

В.К. против ова решение на судот има право на жалба.

Таткото на момчето убиец се товари за кривично дело – тешки кривични дела против општата безбедност, на кое му се заканува казна од 12 години!

Вишото јавно обвинителство во Белград истражува дали таткото на момчето го научил да пука со оружје, дали го однел на стрелиште, но и како го обезбедувал оружјето за кое имало дозвола, кое момчето го зеде и уби девет на неговите врсници и чувар од О.У. „Владислав Рибникар“.

На почетокот на месецот притворот повторно му беше продолжен за 30 дена, откако беше уапсен откако неговиот син изврши страшно злосторство.

Да потсетиме, седмоодделенец на белградското училиште „Владислав Рибникар“ на 3 мај влезе во училиштето со пиштолот на својот татко. Кобниот ден пукаше во правец на училишниот чувар Драган Влаховиќ, а потоа убил две дежурни ученички. 13-годишникот потоа отиде во кабинетот по историја, каде уби шест соученици, а ранл и шест ученици и еден наставник по историја.

Текстот Таткото на убиецот од Врачар барал нотар да направи полномошно за да може да го продаде својот имот е превземен од А1он.