Тројца кандидати за двете испразнети места во Судскиот совет, изборите закажани на 13 јули

Судски совет на Република Северна Македонија на денешната седница ја утврди кандидатската листа за избор на двајца нови членови на Советот, кои треба да бидат избрани на местата на врховната судијка Мирјана Радевска-Стефкова и на Зоран Герасимовски судија во скопска Апелација, кои си поднесоа оставка. На седницата беше формирана и... Текстот Тројца кандидати за двете испразнети места во Судскиот совет, изборите закажани на 13 јули е превземен од А1он.

Тројца кандидати за двете испразнети места во Судскиот совет, изборите закажани на 13 јули

Судски совет на Република Северна Македонија на денешната седница ја утврди кандидатската листа за избор на двајца нови членови на Советот, кои треба да бидат избрани на местата на врховната судијка Мирјана Радевска-Стефкова и на Зоран Герасимовски судија во скопска Апелација, кои си поднесоа оставка.

На седницата беше формирана и Комисијата која ќе го спорведе изборот кој согласно донесеното решение треба да се спроведе наредниот четврток, на 13 јули.

Согласно утврдените кандидатски листи, судијата Наќе Георгиев од Врховниот суд е единствен кандидат од редовите на врховните судии за член на Судскиот совет. Од редовите на судиите на кандидатската листа за апелациското подрачје Скопје и од управните судови се двајца кандидати откако на седницата беше усвоен приговорот на судијата од Основниот суд Кавадарци Лазар Нанев, чија кандидатура првично не била земена предвид поради некомплетно доставена пријава. Покрај него, кандидатура поднесе и Антонета Димовска судија на Граѓански суд Скопје.

Во гласањето по приговорот осум членови на Советот гласаа за негово прифање, а два меѓу кои и поранешната претседателка на Советот Весна Дамева, беа против.

-Судскиот совет од 26 април, е исправен пред голем предизвик. Одлучив по ова прашање денес гласно да молчам а моето мислење да го изразам единствено преку гласањето и ќе гласам против усвојување на приговорот, рече Дамева која се изјасни и против предложениот кандидат за член на СС од редот на врховните судии.

Во отсуство на претседателот на Судскиот Совет Сашко Георгиев, седницата ја водеше заменикот претседател Ханиф Зендели.

Судскиот совет е составен од 15 члена. Мандатот на избраните членови трае шест години со право на уште еден избор. На претседател на Врховниот суд на Република Македонија и на министер за правда со престанок на функцијата им престанува и мандатот во Советот.

Со изборот на новите двајца членови закажан за 13 месецов треба да биде комплетиран составот на Судскиот совет.

Текстот Тројца кандидати за двете испразнети места во Судскиот совет, изборите закажани на 13 јули е превземен од А1он.