Царинска управа: Запленети 120 килограми тутун и 19 илјади парчиња цигари
Во координирана акција на Секторот за контрола и истраги на Царинската управа и Единицата за економски криминал при Министерството за внатрешни работи, денеска во Тетово кај едно лице се пронајдени и запленети 120 килограми режан тутун за пушење и 19.000 парчиња цигари без акцизни маркички. Со ова, како што информираат... Текстот Царинска управа: Запленети 120 килограми тутун и 19 илјади парчиња цигари е превземен од А1он.
Во координирана акција на Секторот за контрола и истраги на Царинската управа и Единицата за економски криминал при Министерството за внатрешни работи, денеска во Тетово кај едно лице се пронајдени и запленети 120 килограми режан тутун за пушење и 19.000 парчиња цигари без акцизни маркички.
Со ова, како што информираат од Царинската управа, е спречен обид за пуштање во промет акцизна стока, за која е избегнато плаќање на акцизни давачки.
Стоката е привремено одземена, а од страна на Царинската управа против лицето ќе бидe поднесенa кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство.
Текстот Царинска управа: Запленети 120 килограми тутун и 19 илјади парчиња цигари е превземен од А1он.