Украина: Го фативме човекот кој им помогна на Русите да ја кренат пицеријата во воздух

Украинската контраразузнавачка служба (ССУ) објави дека уапсила маж осомничен дека им помагал на руските сили да извршат ракетен напад во кој загинаа 10 цивили во пицерија во градот Краматорск. Од ССУ наведуваат дека уапсениот живеел во околината. „Според првите резултати од истрагата, непријателскиот агент е жител на Краматорск, вработен во... Текстот Украина: Го фативме човекот кој им помогна на Русите да ја кренат пицеријата во воздух е превземен од А1он.

Украина: Го фативме човекот кој им помогна на Русите да ја кренат пицеријата во воздух

Украинската контраразузнавачка служба (ССУ) објави дека уапсила маж осомничен дека им помагал на руските сили да извршат ракетен напад во кој загинаа 10 цивили во пицерија во градот Краматорск.

Од ССУ наведуваат дека уапсениот живеел во околината.

„Според првите резултати од истрагата, непријателскиот агент е жител на Краматорск, вработен во локална компанија за транспорт на гас“, се вели во соопштението на веб-страницата на украинската контраразузнавачка служба.

Човекот, објави ССУ, снимал згради и автомобили во близина на пицеријата и ја испратил снимката до руското воено разузнавање, се вели во соопштението.

Во нападот загинаа 10 цивили, од кои три тинејџерки. Повредени се 61 лице.

Текстот Украина: Го фативме човекот кој им помогна на Русите да ја кренат пицеријата во воздух е превземен од А1он.