Украински дронови летаа близу Москва, аеродромот „Внуково“ воведе ограничувања за полетување и слетување

Московскиот аеродром Внуково од 5 часот утринава воведе ограничувања за полетување и слетување на авиони. „Од технички причини кои не зависат од аеродромот Внуково воведени се ограничувања за слетување/полетување на авиони од 5:10 часот“, се вели во соопштението на аеродромот. Се додава дека шест летови биле пренасочени кон алтернативни аеродроми,... Текстот Украински дронови летаа близу Москва, аеродромот „Внуково“ воведе ограничувања за полетување и слетување е превземен од А1он.

Украински дронови летаа близу Москва, аеродромот „Внуково“ воведе ограничувања за полетување и слетување

Московскиот аеродром Внуково од 5 часот утринава воведе ограничувања за полетување и слетување на авиони.

„Од технички причини кои не зависат од аеродромот Внуково воведени се ограничувања за слетување/полетување на авиони од 5:10 часот“, се вели во соопштението на аеродромот.

Се додава дека шест летови биле пренасочени кон алтернативни аеродроми, пренесува РИА Новости.

Руската Федерална агенција за воздушен транспорт соопшти дека ограничувањата се во сила до 8 часот наутро.

Останатите аеродроми во Москва работат нормално, нагласи Федералната агенција.

Не е познато дали ограничувањата на Внуково се поврзани со соопштението на градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, кој изјави дека руските сили го одбиле денешниот обид за напад на украински беспилотни летала на Нова Москва и Подмосковље.

Собјанин на Телеграм напиша дека нема жртви или повредени.

„Денеска беше направен уште еден обид за напад на украински беспилотни летала на Нова Москва и Московската област. Досега силите за воздушна одбрана ги одбиле сите напади, сите откриени беспилотни летала се елиминирани“, рече Собјанин.

Руските служби за вонредни состојби рано утринава објавија дека две беспилотни летала се оневозможени во Нова Москва, московски административен округ, и уште едно во регионот Калуга, југозападно од главниот град на Русија.

Текстот Украински дронови летаа близу Москва, аеродромот „Внуково“ воведе ограничувања за полетување и слетување е превземен од А1он.