Украинците ги заземаат териториите кои ги окупираше Русија во 2014

Неделната контраофанзива на Украина напредува на територијата окупирана од руските сили од 2014 година, се вели во дневниот извештај на британското разузнавање за војната во Украина објавен денеска. Украинските сили напредуваа источно од селото Краснохоривка, во близина на градот Доњецк, во источна Украина, се вели во извештај објавен на Твитер.... Текстот Украинците ги заземаат териториите кои ги окупираше Русија во 2014 е превземен од А1он.

Украинците ги заземаат териториите кои ги окупираше Русија во 2014

Неделната контраофанзива на Украина напредува на територијата окупирана од руските сили од 2014 година, се вели во дневниот извештај на британското разузнавање за војната во Украина објавен денеска.

Украинските сили напредуваа источно од селото Краснохоривка, во близина на градот Доњецк, во источна Украина, се вели во извештај објавен на Твитер.

„Неодамнешните повеќекратни симултани украински напади“ низ Донбас „најверојатно ги исцрпија“ силите на меѓународно непризнаената Народна Република Донецк и чеченските единици кои дејствуваат таму, се вели во извештајот, цитирајќи разузнавачки информации.

Британското Министерство за одбрана секојдневно објавува информации за напредокот на војната од нејзиното започнување пред повеќе од 16 месеци.

Москва го обвинува Лондон за насочена кампања за дезинформација.

Текстот Украинците ги заземаат териториите кои ги окупираше Русија во 2014 е превземен од А1он.