Ужасна трагедија: Дете падна од траект во море, мајката се фрли по него, двајцата се удавија

Полската полиција денеска соопшти дека загинале седумгодишното дете кое паднало од патнички траект во Балтичкото Море и мајката на детето, која скокнала во водата по него. Портпаролот на полицијата Мариуш Цијарка изјави дека не било можно да се спасат нивните животи. Двете жртви се полски државјани, пренесе АП. Портпаролот на... Текстот Ужасна трагедија: Дете падна од траект во море, мајката се фрли по него, двајцата се удавија е превземен од А1он.

Ужасна трагедија: Дете падна од траект во море, мајката се фрли по него, двајцата се удавија

Полската полиција денеска соопшти дека загинале седумгодишното дете кое паднало од патнички траект во Балтичкото Море и мајката на детето, која скокнала во водата по него.

Портпаролот на полицијата Мариуш Цијарка изјави дека не било можно да се спасат нивните животи.

Двете жртви се полски државјани, пренесе АП.

Портпаролот на Шведската поморска управа, Јонас Францен, истакна дека трагедијата се случила вчера, кога детето паднало во вода, а мајката решила да скокне по него.

Тој додаде дека детето паднало од висина од околу 20 метри.

Мајката и детето се превезени одделно со хеликоптер во болницата во Карлскона.

Во спасувачката операција помогнаа бродови и хеликоптери од Шведска и единици на НАТО кои беа во областа.

Текстот Ужасна трагедија: Дете падна од траект во море, мајката се фрли по него, двајцата се удавија е превземен од А1он.