Ванг Ји: САД мора да изберат помеѓу соработка и конфликт со Кина

Главниот кинески дипломат, Ванг Ји, му рече на американскиот државен секретар Антони Блинкен во понеделникот дека Кина и САД мора да изберат помеѓу соработка и конфликт и дека неговата земја нема да прави никакви компромиси за Тајван. „Неопходно е да се направи избор помеѓу дијалог и конфликт, соработка и конфликт“,... Текстот Ванг Ји: САД мора да изберат помеѓу соработка и конфликт со Кина е превземен од А1он.

Ванг Ји: САД мора да изберат помеѓу соработка и конфликт со Кина

Главниот кинески дипломат, Ванг Ји, му рече на американскиот државен секретар Антони Блинкен во понеделникот дека Кина и САД мора да изберат помеѓу соработка и конфликт и дека неговата земја нема да прави никакви компромиси за Тајван.

„Неопходно е да се направи избор помеѓу дијалог и конфликт, соработка и конфликт“, му рекол на својот соговорник Ванг Ји, висок функционер за дипломатија на Кинеската комунистичка партија (ККП), извести кинескиот јавен радиодифузер CCTV.

„Одржувањето на националното единство е секогаш во центарот на клучните интереси на Кина“ и „по ова прашање, Кина нема да прави никакви компромиси или отстапки“ во однос на Тајван, изјави Ванг Ји, главниот функционер во кинеската дипломатија.

Ентони Блинкен е во Кина од неделата, што е прва посета на американскиот државен секретар на земјата од 2018 година.

Кина го смета Тајван за една од своите провинции, која допрва треба успешно да ја обедини со остатокот од својата територија од крајот на кинеската граѓанска војна во 1949 година.

Покрај трнливото прашање за врските меѓу Соединетите Американски Држави и Тајван, остров за кој претензии има Пекинг е во центарот на конфликтот меѓу двете сили, билатералните односи и понатаму се затегнати за голем број прашања.

Меѓу нив се ривалството во технологијата, американските санкции против кинеските дигитални гиганти, трговијата, третманот на ујгурското муслиманско малцинство во Кина или кинеските претензии во Јужното Кинеско Море.

Текстот Ванг Ји: САД мора да изберат помеѓу соработка и конфликт со Кина е превземен од А1он.