(ВИДЕО) Апасиев: Се што е над 4 отсто камата е лихварство, а нашите банки земаат 13 посто камата

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев од собраниската говорница побара од пратениците да се изгласа измена на законот за извршување со која ќе се воведе забрана за течење камати на камати со што би им се помогнало директно на граѓаните да излезат од должничко ропство на банките. – Еден член бараме... Текстот (ВИДЕО) Апасиев: Се што е над 4 отсто камата е лихварство, а нашите банки земаат 13 посто камата е превземен од А1он.

(ВИДЕО) Апасиев: Се што е над 4 отсто камата е лихварство, а нашите банки земаат 13 посто камата

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев од собраниската говорница побара од пратениците да се изгласа измена на законот за извршување со која ќе се воведе забрана за течење камати на камати со што би им се помогнало директно на граѓаните да излезат од должничко ропство на банките.

– Еден член бараме и тој гласи : „Казнената камата престанува да тече по сила на закон кога сумата на втасаните, а неисплатени камати, ќе ја достигне висината на главницата – рече Апасиев.

Тој обвини дека за Законот за извршување и за Законот за облигациони односи дописи пратиле неколку организации како е Стопанската Комора, Македонската банкарска ацосијација, тоа се Телеком, Извршителска Комора, Нотарска Комора, ЕВН со цел да ги убедат пратениците да не се донесат измените на овие два закони.

– Дрскоста оди дотаму, што во дописите тврдат дека ќе ги лишиме од загарантиран приход – односно затезните камати си ги планираат за гарантиран приход. Затезната камата во Македонија е несразмерно и неправично казнувачка по граѓаните кои колоквијално влегле во минус. Такви се 80% од граѓаните кои се вработени и кои што се кредитоспособни. А зборуваме за кредитоспособните, сиромашните не ни можат да дојдат до банкарски услуги и земаат брзи кеш кредит.

Иако Омбдусманот ви праќа допис секоја година дека луѓето се во должничко ропство, дека над 60% од одомаќинствата се без заштеди и дека луѓето не можат да врзат крај со крај . Сите кревате раменици. Еден член е во прашање и тој не можете да го смените.

Каматите на одењата во минус на кредитна картичка се 12,75% што е светски рекорд и го нема никаде во светот, односно се што е над 4% е лихварска камата. Од римско, преку византиско, преку отоманско, шеријатско право, во Куранот, во Библијата, се што е над 4% е лихвасрска камата – рече Апасиев во своето обраќање до пратениците.

Лидерот на Левица додаде дека над 200 милиони евра се пласирани кај физички лица како минус на плата и уште 400 милиони на минус во кредитна картичка.

– Вкупно 600 милиони евра банките имаат дадено на граѓаните, една третина од сите кредити на физички лица е тоа. Банките наплаќаат 13% камата и вас тоа ви е нормално – истакна тој.

Текстот (ВИДЕО) Апасиев: Се што е над 4 отсто камата е лихварство, а нашите банки земаат 13 посто камата е превземен од А1он.