(ВИДЕО) Хаос во Франција по убиството на момчето: Запален трамвај, над 150 уапсени

Насилствата продолжија во Франција во текот на ноќта, особено во регионот на Париз, каде полицаец уби 17-годишник. Досега се уапсени 150 лица. Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин го осуди „неподносливото насилство врз симболите на Републиката“ и додаде дека градските сали, училиштата и полициските станици биле запалени или нападнати. Тој... Текстот (ВИДЕО) Хаос во Франција по убиството на момчето: Запален трамвај, над 150 уапсени е превземен од А1он.

(ВИДЕО) Хаос во Франција по убиството на момчето: Запален трамвај, над 150 уапсени

Насилствата продолжија во Франција во текот на ноќта, особено во регионот на Париз, каде полицаец уби 17-годишник. Досега се уапсени 150 лица.

Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин го осуди „неподносливото насилство врз симболите на Републиката“ и додаде дека градските сали, училиштата и полициските станици биле запалени или нападнати.

Тој им се заблагодари на полицијата и на пожарникарите и порача дека секој што не повикал на смирување на ситуацијата треба да се срами од себе.

Во Кламарт, во југозападното предградие на Париз, синоќа бил запален паркиран трамвај. Пожарот подоцна бил изгаснат, но трамвајската линија се уште е затворена.

Ситуацијата во Нантер, на петнаесетина километри од Париз, околу 23 часот повторно стана тензична. Запалени се десетина автомобили, контејнери и бариери поставени на патот. На фасадата на зградата се закачени натписите „Правда за Нахел“ и „Полицијата убива“.

Судирите со полицијата траеле и до 1 час во населбата каде веќе имало судири меѓу жителите и припадниците на силите на редот, кои на фрлање камења одговориле со солзавец.

Дваесетина општини во Сена-Сен Дени, департман североисточно од Париз, пријавиле пожари, објави полициски извор, додавајќи дека секој пат многу мобилни групи од помалку од сто луѓе биле активни на местото на настанот. Сега постои загриженост во инаку мирните градови.

Во Есон, јужно од Париз, бил запален автобус од кој патниците излегле околу 21 часот, соопштија полициски извори.

Судири избувнаа и во кварт во Тулуз, а од тоа место се издигна густ црн чад. Група млади запалиле канти за ѓубре и автомобили, а фрлале предмети кон полицајците и пожарникарите. Уапсени се 13 лица, а во текот на ноќта ситуацијата се смирила.

Синоќа во Ној-сур-Марн, на 13 километри од Париз, запалени се сите седум полициски автомобили кои се наоѓале во станицата, а пожарот се проширил и на соседната зграда во која се сместени просториите на општинската полиција и градските служби за домување. На пожарникарите им биле потребни час и половина за да го изгаснат пожарот.

Тензии беа забележани и во други региони низ земјата, како што е Лион, каде припадниците на полицијата беа гаѓани со пиротехнички средства.

Во некои места како Сент Етјен, Лил и Рен, инцидентите се случија за време на собири за поддршка на еколошкото движење кое неодамна беше распуштено од владата.

Текстот (ВИДЕО) Хаос во Франција по убиството на момчето: Запален трамвај, над 150 уапсени е превземен од А1он.