(ВИДЕО) Летечко такси во Израел започнаа со пробни летови за патниците

Израелските власти ги започнаа првите пробни летови на такси-дронови како дел од својата Иницијатива за беспилотни летала (INDI), со цел да се овозможи превоз на патници и товар со овие авиони во иднина. Yes, we fly! This time Israel!Our #EH216-S AAV expanded its footprint of flight demonstrations to Israel, which... Текстот (ВИДЕО) Летечко такси во Израел започнаа со пробни летови за патниците е превземен од А1он.

(ВИДЕО) Летечко такси во Израел започнаа со пробни летови за патниците

Израелските власти ги започнаа првите пробни летови на такси-дронови како дел од својата Иницијатива за беспилотни летала (INDI), со цел да се овозможи превоз на патници и товар со овие авиони во иднина.

Овој двегодишен пилот проект има за цел да создаде национална мрежа на дронови кои ќе се користат за превоз на патници, пишува израелски 24 Вести.

Главната цел на проектот е да се овозможи брз и ефикасен транспорт на патници и товар и да се намали метежот на патиштата низ Израел. Исто така, проектот има за цел да ги подобри комерцијалните и јавните транспортни услуги.

Министерот за транспорт Мири Регев истакна дека ова е прва иницијатива од ваков вид во светот која има широк и мултидисциплинарен пристап за тестирање на новите технологии, вклучувајќи го и транспортот на товар, а подоцна и луѓе.

„Националниот проект за развој на беспилотни летала планира да тестира и активира десетици беспилотни летала чии перформанси ќе се анализираат еднаш неделно. Израел е еден од светските лидери на ова поле, а експериментот претставува важна пресвртница во оваа иницијатива“ вели израелскиот 24 Вести.

Текстот (ВИДЕО) Летечко такси во Израел започнаа со пробни летови за патниците е превземен од А1он.