(ВИДЕО) Мечка дојде во училиштен двор во Сараево

Повторно е видена мечка во населбата Фалетиќи во Сараево. Овој пат дојде во дворот на основното училиште Врхбосна во Сараево. Директорката Ерзумана Фукељ Шариќ изјави дека животното утрово дошло во училиштето. – Помина низ овоштарникот кој се наоѓа во училишниот двор, па веднаш реагиравме – изјави Фукељ Шариќ. Директорката на... Текстот (ВИДЕО) Мечка дојде во училиштен двор во Сараево е превземен од А1он.

(ВИДЕО) Мечка дојде во училиштен двор во Сараево

Повторно е видена мечка во населбата Фалетиќи во Сараево. Овој пат дојде во дворот на основното училиште Врхбосна во Сараево.

Директорката Ерзумана Фукељ Шариќ изјави дека животното утрово дошло во училиштето.

– Помина низ овоштарникот кој се наоѓа во училишниот двор, па веднаш реагиравме – изјави Фукељ Шариќ.

Директорката на училиштето додава дека биле повикани ловџии од интервентната екипа на сараевското Ловечко друштво кои ја пренасочиле мечката кон ридско и шумско подрачје.

„Тоа веројатно е истата мечка што беше видена на Вратник“, рече таа.

Фукељ Сариќ посочува дека ситуацијата во моментов е безбедна, но превентивно побарале од родителите на учениците да ги земат децата после часовите за да не си одат сами дома.

Текстот (ВИДЕО) Мечка дојде во училиштен двор во Сараево е превземен од А1он.