ВИДЕО: Млад битолчанец се повреди при обид да симне бугарско знаме

Млад битолчанец се обиде да го симне бугарското знаме кое се вее над културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола. Додека некој го снима од далечина, момчето се обиде да се поткачи на ѕидот покрај влезот на бугарскиот клуб, но пред да го дофати знамето, загуби рамнотежа и падна на грбот... Текстот ВИДЕО: Млад битолчанец се повреди при обид да симне бугарско знаме е превземен од А1он.

ВИДЕО: Млад битолчанец се повреди при обид да симне бугарско знаме

Млад битолчанец се обиде да го симне бугарското знаме кое се вее над културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола.

Додека некој го снима од далечина, момчето се обиде да се поткачи на ѕидот покрај влезот на бугарскиот клуб, но пред да го дофати знамето, загуби рамнотежа и падна на грбот од височина од два-три метри.

Бугарскиот центар „Иван Михајлов“ не функционира повеќе од два месеца откако беше избришан како субјект во Централен регистар со решение од министерот за правда затоа што неговото име не е во согласност со новиот Закон за регистрација на здруженија.

Текстот ВИДЕО: Млад битолчанец се повреди при обид да симне бугарско знаме е превземен од А1он.