(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Во сабота навечер во Истанбул ќе се одигра финалниот натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Манчестер Сити и Интер. Навивачите на двата тима веќе значително ја подигнаа температурата во Турција и создаваат феноменална атмосфера. I tifosi dell’#Inter aspettano la squadra in hotel dopo la rifinitura pic.twitter.com/aaZ4V41XZa — Daniele Mari (@marifcinter)... Текстот (ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера е превземен од А1он.

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Во сабота навечер во Истанбул ќе се одигра финалниот натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Манчестер Сити и Интер. Навивачите на двата тима веќе значително ја подигнаа температурата во Турција и создаваат феноменална атмосфера.

Сепак, се чини дека навивачите на Интер отидоа чекор понатаму.

Поддршката за Интер е бурна и жестока токму поради тоа што тимот на Симоне Инзаги е аутсајдер на овој меч. Италијанските навивачи ги пречекаа своите играчи пред хотелот, а дел од нив го пробија обезбедувањето и упаднаа во хотелот.

Во салата имаше навивање, а потоа обезбедувањето мораше да побара да си заминат за да не им пречат на играчите.

Сити е голем фаворит во овој дуел и речиси неподелено е мислењето дека ова е конечно годината кога ќе станат шампиони на Европа предводени од Пеп Гвардиола и Ерлинг Холан во нападот.

Натпреварот започнува во 21:00 часот, а ќе го суди Полјакот Шимон Марцињак.

Текстот (ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера е превземен од А1он.