(ВИДЕО) Поплавени над 60 објекти во невремето во Делчево и околината

Поплавени повеќе од 60 објекти во населбата Пролет и на улицата „Индустриска“ се последиците од невремето проследeно со град што денеска го зафати Делчево и околината во периодот од 16.30 до 18.20 часот, информира Центарот за управување со кризи. – На терен се излезени ТППЕ Делчево и ЈПКД „Брегалница“ со... Текстот (ВИДЕО) Поплавени над 60 објекти во невремето во Делчево и околината е превземен од А1он.

(ВИДЕО) Поплавени над 60 објекти во невремето во Делчево и околината

Поплавени повеќе од 60 објекти во населбата Пролет и на улицата „Индустриска“ се последиците од невремето проследeно со град што денеска го зафати Делчево и околината во периодот од 16.30 до 18.20 часот, информира Центарот за управување со кризи.

– На терен се излезени ТППЕ Делчево и ЈПКД „Брегалница“ со цела нивна екипа и вршат испумпување на вода од поплавените објекти, се појаснува во соопштението на ЦУК.

Како што додаваат од ЦУК, поголем дел од градот е без снабдување со електрична енергија.

Како што претходно јави МИА, попладнево невреме со пороен дожд, врнежи од град и грмежи ги зафати Делчево и околните населени места, предизвикувајќи поплави во повеќе подрумски простории и потешкотии во одвивањето на сообраќајот.

Врнежите од град со големина на лешник оштетија дел од раноградинарските култури, а настрадаа и дел од овошните насади.

Од Општина Делчево апелираа до граѓаните да пријават евентуални штети, а оттаму дополнително најавија информација за првичните штети настанати од невремето.

Текстот (ВИДЕО) Поплавени над 60 објекти во невремето во Делчево и околината е превземен од А1он.