(ВИДЕО) Русите извршија масовен напад врз цивилната инфраструктура во текот на ноќта, тврди Украина

Русија изврши масовен ракетен напад врз централниот украински град Кривји Рих во текот на ноќта, при што беа убиени и ранети луѓе и оштетена цивилна инфраструктура, соопштија рано денеска украинските власти. Кривий Ріг???????????????? pic.twitter.com/uB46ZDvxQE — Shkoruh (@yaroslavamel) June 13, 2023 „Има мртви и ранети“, рече Серхи Лисак, гувернер на регионот... Текстот (ВИДЕО) Русите извршија масовен напад врз цивилната инфраструктура во текот на ноќта, тврди Украина е превземен од А1он.

(ВИДЕО) Русите извршија масовен напад врз цивилната инфраструктура во текот на ноќта, тврди Украина

Русија изврши масовен ракетен напад врз централниот украински град Кривји Рих во текот на ноќта, при што беа убиени и ранети луѓе и оштетена цивилна инфраструктура, соопштија рано денеска украинските власти.

„Има мртви и ранети“, рече Серхи Лисак, гувернер на регионот Днепропетровск каде се наоѓа Криви Рих.

Во раните утрински часови, ширум Украина се огласија сирени за воздушен напад, а воените претставници на Киев соопштија дека силите за воздушна одбрана ги уништиле сите руски ракети насочени кон главниот град на Украина.

Украинската висока команда објави дека воздухопловните сили уништиле 10 од 14-те крстаречки ракети лансирани од Русија кон Украина и еден од четирите беспилотни летала од иранско производство.

Сè уште не е јасно колку проектили го погодиле Криви Рих и каде беспилотните летала лансирани од Русија ги погодиле нивните цели.

Во Криви Рих беа погодени неколку цивилни згради, вклучително и петкатница, изјави претходно градоначалникот на градот, Олександр Вилкул.

Ројтерс не можеше независно да го потврди извештајот. Вилкул не соопшти повеќе детали.

Лисак објави фотографија од петкатница каде што сите прозорци се скршени, а од некои излегува чад.

Засега нема коментар од Русија за пријавените напади. И Русија и Украина негираат дека целеле цивили во војната што Русија ја започна против својот сосед пред речиси 16 месеци.

Градоначалникот на источниот украински град Харков на својот канал Телеграм изјави дека руски беспилотни летала ја погодиле цивилната инфраструктура таму, погодувајќи магацин и зграда на комунално претпријатие. Засега нема информации за жртви.

Текстот (ВИДЕО) Русите извршија масовен напад врз цивилната инфраструктура во текот на ноќта, тврди Украина е превземен од А1он.