(ВИДЕО) Руски пратеник: Ајде да ја уништиме Британија, тогаш ќе разговараат со нас

Рускиот парламентарец Андреј Гуруљов во програма на државната телевизија изјави дека би било добро „Веднаш да се уништи Британија“. „Нема режим во Киев, има режим во Вашингтон. Во Киев има лакеи кои го прават токму она што им е кажано“, рече Гуруљов. „Русија е единствената земја што може да претставува... Текстот (ВИДЕО) Руски пратеник: Ајде да ја уништиме Британија, тогаш ќе разговараат со нас е превземен од А1он.

(ВИДЕО) Руски пратеник: Ајде да ја уништиме Британија, тогаш ќе разговараат со нас

Рускиот парламентарец Андреј Гуруљов во програма на државната телевизија изјави дека би било добро „Веднаш да се уништи Британија“. „Нема режим во Киев, има режим во Вашингтон. Во Киев има лакеи кои го прават токму она што им е кажано“, рече Гуруљов.

„Русија е единствената земја што може да претставува закана за целата територија на САД. Оваа закана ќе ги освести сите нечистотии во Вашингтон“, рече тој и потоа повика на уништување на Британија.

„Сега е крајно јасно дека кога ќе кажеме „ајде да кренеме нешто во воздух“, ќе го направиме тоа. Да ја уништиме Британија веднаш, без да го искористиме нашиот стратешки нуклеарен потенцијал. И тогаш сите веднаш ќе седнат и ќе почнат да разговараат со нас како што треба“.

Гуруљов, пишува Sky News, често имал вакви испади во јавноста. Тој претходно се закани дека ќе ја нападне Алјаска со проектили и рече дека Советскиот Сојуз „не отишол доволно далеку“ за време на Втората светска војна.

Текстот (ВИДЕО) Руски пратеник: Ајде да ја уништиме Британија, тогаш ќе разговараат со нас е превземен од А1он.