(ВИДЕО) Што потпишувале патниците на исчезнатата подморница: Смртта се споменува трипати на првата страница од договорот

Мајк Рајс (63), продуцентот на серијата „Симпсонови“, во јули минатата година заедно со сопругата Дениз се симнал на дното на Атлантскиот Океан до потонатиот брод Титаник во малата подморница која сега исчезна во текот на ваква туристичка тура. Hear the inside story of my trip last year on the lost... Текстот (ВИДЕО) Што потпишувале патниците на исчезнатата подморница: Смртта се споменува трипати на првата страница од договорот е превземен од А1он.

(ВИДЕО) Што потпишувале патниците на исчезнатата подморница: Смртта се споменува трипати на првата страница од договорот

Мајк Рајс (63), продуцентот на серијата „Симпсонови“, во јули минатата година заедно со сопругата Дениз се симнал на дното на Атлантскиот Океан до потонатиот брод Титаник во малата подморница која сега исчезна во текот на ваква туристичка тура.

Тој за New York Post објасни каков договор треба да потпише со компанијата „Oceangate Expedition“, организаторот на патувањето и сопственик на исчезнатата подморница Титан. Со тој договор компанијата се ослобдува од одговорност за смртта на патниците во подморницата во одредени случаи.

– Смртта секогаш демне, секогаш виси во мислите. „Дури и пред да стапнете на чамецот (кој ги носи патниците до подморницата) има долг, долг договор за ослбодување од одговрност на компанијата и во него трипати се споменува смртта на првата страница“, изјави Рајс за американскиот весник.

Тој рече дека тој и неговата сопруга платиле повеќе од 100.000 долари за да се спуштат на дното на океанот и да ги видат остатоците од Титаник, познатиот брод што потона во 1912 година откако удри во санта мраз.

Британскиот милијардер Хамиш Хардинг, пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд и неговиот 19-годишен син Сулејман, францускиот истражувач Пол-Анри Наргело и Стоктон Раш, извршен директор на експедицијата Океангејт се во исчезнатата подморница, која го испратила својот последен сигнал до бродот што ја следи во неделата, еден час и 45 минути по нурнувањето.

Текстот (ВИДЕО) Што потпишувале патниците на исчезнатата подморница: Смртта се споменува трипати на првата страница од договорот е превземен од А1он.