(ВИДЕО) Снимка од Херсон, градот веќе е под вода: Вистинската драма се очекува за два часа, луѓето се евакуираат

Во ноќниот напад во областа Херсон, уништена е ХЕЦ Каховка, а оштетена е и клучната брана на реката Днепар, а водата, според тврдењата на Украинците, веќе почнала да ги поплавува населените места. Kherson is already flooded. The peak waters are expected in 2 hours at 11am local time. About 16... Текстот (ВИДЕО) Снимка од Херсон, градот веќе е под вода: Вистинската драма се очекува за два часа, луѓето се евакуираат е превземен од А1он.

(ВИДЕО) Снимка од Херсон, градот веќе е под вода: Вистинската драма се очекува за два часа, луѓето се евакуираат

Во ноќниот напад во областа Херсон, уништена е ХЕЦ Каховка, а оштетена е и клучната брана на реката Днепар, а водата, според тврдењата на Украинците, веќе почнала да ги поплавува населените места.

На видеата кои кружат на социјалните мрежи, а чија автентичност во моментов не може да се потврди, се вели дека Херсон веќе е потопен под вода.

Тимофиј Милованов, поранешен министер и претседател на Киевската школа за економија, вели дека врвот на бранот поплава може да се очекува околу 11 часот по локално време, 10 часот по наше време.

Украинските власти претходно наредија евакуација на населението.

Оштетувањето на браната Нова Каховка не само што создаде опасност од поплавување на селото, туку експертите велат дека во опасност е и нуклеарната централа Запорожје. Имено, водата од акумулацијата Каховка е неопходна за да се добие напојување за турбините и безбедносните системи.

Текстот (ВИДЕО) Снимка од Херсон, градот веќе е под вода: Вистинската драма се очекува за два часа, луѓето се евакуираат е превземен од А1он.