ВИДЕО: Жена се појави на концерт со ќебе на глава, кажа зошто се маскирала

Обожавателите на Тејлор Свифт ќе направат се за да стигнат до нејзиниот концерт, но еден фан деновиве ја помина линијата. На интернет кружи видео од анонимна жена со дебело ќебе на главата како разговара со новинар, а таа има еднакво силна причина за нејзиното маскирање. Го излажала шефот дека е... Текстот ВИДЕО: Жена се појави на концерт со ќебе на глава, кажа зошто се маскирала е превземен од А1он.

ВИДЕО: Жена се појави на концерт со ќебе на глава, кажа зошто се маскирала

Обожавателите на Тејлор Свифт ќе направат се за да стигнат до нејзиниот концерт, но еден фан деновиве ја помина линијата.

На интернет кружи видео од анонимна жена со дебело ќебе на главата како разговара со новинар, а таа има еднакво силна причина за нејзиното маскирање.

Го излажала шефот дека е болна за да може да присуствува на концерт на пејачката во Охајо.

Мистериозната Свифт (така ја нарекуваат фановите на пејачката) била забележана од новинарска екипа која разговарала со обожавателите на пејачката пред почетокот на концертот. Таа објасни дека само му кажала на својот шеф дека е болна за да може да стигне до стадионот Пејкор со 65.000 седишта и да го види првиот концерт од турнејата Ерас.

“Ја обожавам. За малку ќе и дадев име на ќерка ми по неа”, рекол мистериозната обожавателка.

Според музичкиот магазин Pollstar, билетот за концертот на Тејлор Свифт е 254 долари, а за 22 дена од турнејата таа заработила 300 милиони долари. Планирани се 50 настапи во САД, а потоа продолжува шестата концертна турнеја на кантавторката во странство. Се проценува дека вкупната заработка од турнејата би можела да надмине 1,3 милијарди долари.

Текстот ВИДЕО: Жена се појави на концерт со ќебе на глава, кажа зошто се маскирала е превземен од А1он.