Во два одвоени инциденти во Скопје: Две жени жртви на семејно насилство

Полицијата извести дека во изминатите 48 часа две жени побарале помош од скопската полиција бидејќи биле жртви на семејно насилство. Вчера во 21.20 часот од полициски службеници ги уапсиле Ш.Ф.(34) и И.Ф.(67), двајцата од Скопје. Тие во домот во скопско село физички ја нападнале 44-годишната невенчана сопруга, односно снаа. Денеска... Текстот Во два одвоени инциденти во Скопје: Две жени жртви на семејно насилство е превземен од А1он.

Во два одвоени инциденти во Скопје: Две жени жртви на семејно насилство

Полицијата извести дека во изминатите 48 часа две жени побарале помош од скопската полиција бидејќи биле жртви на семејно насилство.

Вчера во 21.20 часот од полициски службеници ги уапсиле Ш.Ф.(34) и И.Ф.(67), двајцата од Скопје. Тие во домот во скопско село физички ја нападнале 44-годишната невенчана сопруга, односно снаа.

Денеска пак во осум часот уапсен е Д.Ј.(58) од Скопје, поради тоа што во домот во скопско село физички ја нападнал неговата 47-годишна сопруга.

Од полицијата велат дека по целосно документирање на двата инцидента ќе следат соодветни пријави.

Текстот Во два одвоени инциденти во Скопје: Две жени жртви на семејно насилство е превземен од А1он.