Вучиќ од Брисел: Дадов извештај за повредите на уапсените Срби од Косово

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави дека на средбата со еврокомесарот за надворешни работи и безбедност, Јосеп Борела, и со специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак, разговарал и за ситуацијата на Косово, при што им доставил извештај за повредите на Србите кои биле уапсени, а тие не... Текстот Вучиќ од Брисел: Дадов извештај за повредите на уапсените Срби од Косово е превземен од А1он.

Вучиќ од Брисел: Дадов извештај за повредите на уапсените Срби од Косово

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави дека на средбата со еврокомесарот за надворешни работи и безбедност, Јосеп Борела, и со специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак, разговарал и за ситуацијата на Косово, при што им доставил извештај за повредите на Србите кои биле уапсени, а тие не се виновни за ништо.

Тој пред новинарите во Брисел изјави дека во извештајот е наведена нивната состојба.

„Ќе продолжиме да разговараме на дневна основа. Посочив дека Србите се во тешка позиција“, изјави Вучиќ.

Тој додаде дека слушал се што имаа да кажат и двајцата.

„Ја разбирам нивната желба за деескалација на ситуацијата, односно проблемите да се решаваат преку разговор. Не би зборувал за конкретни работи. За нас најголемиот проблем не е индивидуалната ситуација, туку фактот што режимот на Курти втора или трета година по ред или се обидува да ги протера, апси или исплаши Србите, без разлика дали се работи за тепање или некоја друга акција или избори со 3,4 отсто од излезеност или со забрана за влез на камиони“, рече Вучиќ.

Текстот Вучиќ од Брисел: Дадов извештај за повредите на уапсените Срби од Косово е превземен од А1он.