Зеленски: Русија подготвува напад на нуклеарната централа Запорожје

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека украинските разузнавачки служби добиле информации дека Русија го разгледува сценариото за терористички напад на нуклеарната централа во Запорожје. „За жал, многупати морав да потсетам дека радијацијата нема национални граници, а кој ќе биде погоден се одредува само од насоката на ветрот“, рече... Текстот Зеленски: Русија подготвува напад на нуклеарната централа Запорожје е превземен од А1он.

Зеленски: Русија подготвува напад на нуклеарната централа Запорожје

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека украинските разузнавачки служби добиле информации дека Русија го разгледува сценариото за терористички напад на нуклеарната централа во Запорожје.

„За жал, многупати морав да потсетам дека радијацијата нема национални граници, а кој ќе биде погоден се одредува само од насоката на ветрот“, рече Зеленски.

Тој додаде дека Киев ги споделува сите достапни информации со своите партнери во светот, објави Блумберг.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека тврдењата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Русија се подготвува да изврши „терористички напад“ врз нуклеарната централа во Запорожје се „уште една лага“.

Песков потсети дека инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) неодамна ја посетиле електраната и оцениле дека се е во ред, пренесува Тасс.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека е запознаена со извештаите дека мини биле поставени во близина на базенот за ладење на електраната Запорожје, но дека такви мини не биле забележани за време на посетата на генералниот директор на МААЕ, Рафаело Гроси.

Текстот Зеленски: Русија подготвува напад на нуклеарната централа Запорожје е превземен од А1он.