Значително намалени станбените објекти-неофицијално прифатени барањата на граѓаните за Лисиче

Новата, втора верзија на деталниот урбанистички план за дел од населбата Лисиче кој е веќе изработен и објавен на јавна анкета ќе реши прашања со легализација на индивидуални објекти на стотици фамилии од овој дел од градот. Општината Аеродром изминатиот период информираше за направените усогласувања на планот, согласно барањата на... Текстот Значително намалени станбените објекти-неофицијално прифатени барањата на граѓаните за Лисиче е превземен од А1он.

Значително намалени станбените објекти-неофицијално прифатени барањата на граѓаните за Лисиче

Новата, втора верзија на деталниот урбанистички план за дел од населбата Лисиче кој е веќе изработен и објавен на јавна анкета ќе реши прашања со легализација на индивидуални објекти на стотици фамилии од овој дел од градот.

Општината Аеродром изминатиот период информираше за направените усогласувања на планот, согласно барањата на граѓаните, а новата верзија, според наши информации во себе ги содржи, прифатени најголемиот дел од забелешките на граѓаните.

На веб страната на општина Аеродром веќе е објавен јавен повик за спроведување анкета за новата верзија од планот, а извори од општината информираат дека деновиве ќе се одржи настан на кој во јавноста ќе бидат споделени детали за новата верзија на Деталниот урбанистички план кој во изминатиот период предизвика реакции во јавноста.

Според наши информации освен решавањето на проблемот со легазицијата на дел од бесправно изградените објекти, новата верзија за деталниот вклучува и намалена бројка на станбени објекти и намалена катност да објектите кои остануваат.

Текстот Значително намалени станбените објекти-неофицијално прифатени барањата на граѓаните за Лисиче е превземен од А1он.