Јанакиески 3,5 години во затвор, условни казни за Јанкуловска и за Протуѓер за „Титаник“ реши Апелација

Апелацискиот суд Скопје ги намали казните за дел од осудените за случајот „Титаник“. Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески влегува во затвор, попладнево соопшти Апелациониот суд во Скопје, откако ги разгледало жалбите на обвинетите по пресудата која ја донесе Кривичниот суд Скопје минатата година. Јанакиевски беше осуден првично... Текстот Јанакиески 3,5 години во затвор, условни казни за Јанкуловска и за Протуѓер за „Титаник“ реши Апелација е превземен од А1он.

Јанакиески 3,5 години во затвор, условни казни за Јанкуловска и за Протуѓер за „Титаник“ реши Апелација

Апелацискиот суд Скопје ги намали казните за дел од осудените за случајот „Титаник“.

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески влегува во затвор, попладнево соопшти Апелациониот суд во Скопје, откако ги разгледало жалбите на обвинетите по пресудата која ја донесе Кривичниот суд Скопје минатата година.

Јанакиевски беше осуден првично на 4,5 години, а сега Апелација ја намали на 3,5 години казна затвор.

Според објавата на Апелациониот суд, останува условната казна за поранешниот шеф на кабинет на Никола Груевски, Мартин Протуѓер, а на условна казна се осудува и ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Текстот Јанакиески 3,5 години во затвор, условни казни за Јанкуловска и за Протуѓер за „Титаник“ реши Апелација е превземен од А1он.