Акциска контрола на територија на ЕВР Чаир: санкции за четири отпади со секундарни суровини

Денеска, полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат и од Инспекторатот за животот средина, извршија контрола во четири отпади со секундарни суровини на подрачјето на ЕВР Чаир, извести МВР. – При контролата било констатирано дека сите четири... Текстот Акциска контрола на територија на ЕВР Чаир: санкции за четири отпади со секундарни суровини е превземен од А1он.

Акциска контрола на територија на ЕВР Чаир: санкции за четири отпади со секундарни суровини

Денеска, полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат и од Инспекторатот за животот средина, извршија контрола во четири отпади со секундарни суровини на подрачјето на ЕВР Чаир, извести МВР.

– При контролата било констатирано дека сите четири отпади вршат трговија без регистрирана фирма и не поседуваат дозволи за складирање на секундарни суровини за што од Државниот пазарен инспекторат и Инспекторатот за животот средина им се изречени парични казни, соопшти МВР.

По консултација со јавен обвинител, Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје ќе поднесе соодветни поднесоци.

Текстот Акциска контрола на територија на ЕВР Чаир: санкции за четири отпади со секундарни суровини е превземен од А1он.