Украина: Фативме руски агент кој сакаше да ги разоткрие нашите партизани

Во Киев, Украинската служба за безбедност (СБУ) уапси агент кој работел за руските сили во делумно окупираниот регион Запорожје, соопшти денеска СБУ во соопштение за печатот. Според СБУ, поранешен жител на Мариупол, кој се преселил во Мелитопол откако Русија започна војна против Украина минатата година, е уапсен. Таму почнал да... Текстот Украина: Фативме руски агент кој сакаше да ги разоткрие нашите партизани е превземен од А1он.

Украина: Фативме руски агент кој сакаше да ги разоткрие нашите партизани

Во Киев, Украинската служба за безбедност (СБУ) уапси агент кој работел за руските сили во делумно окупираниот регион Запорожје, соопшти денеска СБУ во соопштение за печатот.

Според СБУ, поранешен жител на Мариупол, кој се преселил во Мелитопол откако Русија започна војна против Украина минатата година, е уапсен. Таму почнал да соработува со руските сили, а поради неговата лојалност кон крајот на април минатата година бил поставен на позиција во локалната единица на руските окупаторски сили.

– Во својата нова улога, според СБУ, човекот „активно учествувал во криминалните дејствија на руските окупатори против локалните партизани“. Утврдено е дека тој добил задача да ги открие скривалиштата на украинските партизани. Тој беше особено заинтересиран за членовите на движењето познато како „Жолта лента“.

Сфаќајќи дека му се заканува казна за сторените злосторства, соработникот одлучил да ги напушти руските окупациски сили во јули 2022 година и да се пресели на територијата под контрола на Украина, објави СБУ.

Според резултатите од истрагата, тој се преселил во Киев, каде се обидел да ја избегне правдата криејќи се кај познаници. Сепак, благодарение на сложените оперативни мерки, вработените во Службата за безбедност и Националната полиција успеаја да го лоцираат и уапсат, се вели во соопштението на СБУ.

Осомничениот моментално е во притвор и му се заканува затворска казна до 15 години.

Текстот Украина: Фативме руски агент кој сакаше да ги разоткрие нашите партизани е превземен од А1он.