Бабовски: Да не се шират лаги зашто ниту една кривична пријава не може да ја спречи веќе создадената паника во јавноста

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски денеска уште еднаш потврди дека се негативни резултатите од анализите за наводно присуство на резидуи од метали и тешки метали во овошјето и зеленчукот. Бабовски на прес-конференција истакна дека ширење лажна паника и тревога е кривично дело, а дали АХВ... Текстот Бабовски: Да не се шират лаги зашто ниту една кривична пријава не може да ја спречи веќе создадената паника во јавноста е превземен од А1он.

Бабовски: Да не се шират лаги зашто ниту една кривична пријава не може да ја спречи веќе создадената паника во јавноста

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски денеска уште еднаш потврди дека се негативни резултатите од анализите за наводно присуство на резидуи од метали и тешки метали во овошјето и зеленчукот.

Бабовски на прес-конференција истакна дека ширење лажна паника и тревога е кривично дело, а дали АХВ за тоа ќе поднесе пријава, ќе се знае, потенцира, наредните денови.

-Негативни се сите резултати за наводни резидуми од метали или присуство на тешки метали во овошјето и зеленчукот. Не знам која беше целта да се шири паника меѓу граѓаните. Изгледа некој некого излажал или некој помешал микро и милиграми, рече Бабовски, одговорајќи на новинарски прашања во врска со обвинувањата на опозицијата.

Тој порача дека кога се излегува да се каже нешто во јавноста, тоа треба да биде точно и вистинито.

Пред два дена Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ на својот фејсбук профил сподели информација според која олово, кадмиум и арсен се пронајдени во домат и краставица. Тоа, како што наведе Трипуновски, го покажуваат најновите извештаи за анализи направени од Државната фитосанитарна лабораторија.

Текстот Бабовски: Да не се шират лаги зашто ниту една кривична пријава не може да ја спречи веќе создадената паника во јавноста е превземен од А1он.