Демократски сојуз: Евроинтеграциските процеси ги блокираат власта и Бугарија

Деновиве сме сведоци на засилен меѓународен притисок поврзан со уставните промени и внесувањето на Бугарите во Уставот како конститутивен народ. Овој притисок е инициран и координиран од највисоките претставници на власта сметајќи дека на тој начин ќе обезбедат поддршка од граѓаните велат од Демократски сојуз. – Демократскиот сојуз смета дека... Текстот Демократски сојуз: Евроинтеграциските процеси ги блокираат власта и Бугарија е превземен од А1он.

Демократски сојуз: Евроинтеграциските процеси ги блокираат власта и Бугарија

Деновиве сме сведоци на засилен меѓународен притисок поврзан со уставните промени и внесувањето на Бугарите во Уставот како конститутивен народ. Овој притисок е инициран и координиран од највисоките претставници на власта сметајќи дека на тој начин ќе обезбедат поддршка од граѓаните велат од Демократски сојуз.

– Демократскиот сојуз смета дека колку се зголемува притисокот, двојно повеќе се зголемува отпорот кај граѓаните за уставни промени под диктат на Бугарија и без реципроцитет и избалансиран притисок врз Софија за признавање на основните права на Македонците во Бугарија на здружување и негување на културните, јазичните и другите особености. Демократскиот сојуз ги повикува претседателот на државата, премиерот и министрите за надворешни работи и евроинтеграции директно, но и преку ЕУ и стратешкиот партнер САД, да бараат еднакви права за Македонците во Бугарија како и за Бугарите во Македонија, се вели во соопштението од партијата.

Текстот Демократски сојуз: Евроинтеграциските процеси ги блокираат власта и Бугарија е превземен од А1он.