Нови детали за опоравувањето на Мадона

На крајот на јуни, Мадона напорно вежбаше со недели за нејзината „Celebration Tour“, турнеја која требаше да прослави 40 години од нејзината кариера. Сепак, поп иконата итно беше хоспитализирана поради здравствена состојба. Пејачката била пронајдена во несвест во нејзиниот дом во Њујорк и итно била префрлена во болница, бидејќи како... Текстот Нови детали за опоравувањето на Мадона е превземен од А1он.

Нови детали за опоравувањето на Мадона

На крајот на јуни, Мадона напорно вежбаше со недели за нејзината „Celebration Tour“, турнеја која требаше да прослави 40 години од нејзината кариера. Сепак, поп иконата итно беше хоспитализирана поради здравствена состојба.

Пејачката била пронајдена во несвест во нејзиниот дом во Њујорк и итно била префрлена во болница, бидејќи како што рекла дека имала треска со недели.

Откако Мадона беше отпуштена од болница во Њујорк, беше објавено дека пејачката била во здравствена установа наводно поради сепса.

Сега се откриени нови детали за здравјето на пејачката. Имено, нејзината децениска многу блиска пријателка, Рози О’Донел, на социјалната мрежа Инстаграм откри како ѝ оди закрепнувањето.

„Добро и оди и се опоравува дома. Многу е силна“, напиша Рози одговарајќи на своите фанови на споменатата мрежа.

Да потсетиме, поп дивата Мадона неодамна беше итно хоспитализирана, по што заврши на интензивна нега. Таа била во критична состојба, па за неа биле многу загрижени и нејзините соработници, пријателите и семејството.

Таа беше пронајдена во бесознание во нејзиниот дом во Њујорк во саботата на 24 јуни, по што итно беше пренесена во болница.

Пејачката во текот на ноќта била интубирана, а нејзината најстара ќерка Лурд (26) цело време била во болница, со нејзината мајка. Колку нејзините соработници биле загрижени за неа покажува и фактот што бил одржан и итен состанок.

„Едноставниот факт е дека никој во овој момент не знаеше како сè ќе заврши. Мадона беше многу болна и во такви ситуации секогаш постои страв од најлошото“, изјавил тогаш изворот за „Дејли мејл“ и додал.

„Фактот дека некој е на интензивна нега е застрашувачки. Луѓето од нејзиниот тим мораа да бидат фер кон фановите, и како што турнејата се приближуваше и се поблиску, тие донесоа одлука да ја одложат“.

Како што се наведува понатаму во споменатиот текст, пејачката и да се опорави, нема да може да „се вклопи“ во распоредот, бидејќи никој не сака да и врши притисок.

Текстот Нови детали за опоравувањето на Мадона е превземен од А1он.