Драма во Црна Гора: Пристигна закани, ќе поставиме канистри со нервен гас

Неколку црногорски училишта и градинки утринава добија дојава за подметнати бомби, а како што дознава порталот РТЦГ, заканите повторно дошле преку електронска пошта. Министерството за образование на Црна Гора соопшти дека наставата денеска ќе се одржува онлајн, а се откажуваат и екстерните испити по изборни предмети за учениците од деветто... Текстот Драма во Црна Гора: Пристигна закани, ќе поставиме канистри со нервен гас е превземен од А1он.

Драма во Црна Гора: Пристигна закани, ќе поставиме канистри со нервен гас

Неколку црногорски училишта и градинки утринава добија дојава за подметнати бомби, а како што дознава порталот РТЦГ, заканите повторно дошле преку електронска пошта.

Министерството за образование на Црна Гора соопшти дека наставата денеска ќе се одржува онлајн, а се откажуваат и екстерните испити по изборни предмети за учениците од деветто одделение.

Пријавите пристигнале околу пет часот утринава на адресите на неколку основни училишта во Подгорица. Закани добија и училишта во другите градови.

Неколку црногорски училишта, како и Собранието, Вишиот суд и општините вчера добија закани за бомби. Наставата не се одржувала, а зградите биле веднаш евакуирани.

Управата на полицијата на Црна Гора вчера извршила увид на објекти за кои биле добиени пријави за поставени експлозивни направи. Извршен е увид на 165 локации и, како што посочуваат, било утврдено дека пријавите се лажни.

На е-маил адресите на МВР, Управата на полицијата, Агенцијата за национална безбедност, министерствата и некои медиуми утринава добија закана дека канистри со наводно отровен нервен гас со детонаторни направи ќе бидат поставени во Подгорица, Бар, Будва и Котор, потврди РТЦГ.
Полицијата ги проверува овие пријави.

Текстот Драма во Црна Гора: Пристигна закани, ќе поставиме канистри со нервен гас е превземен од А1он.