Драматична ситуација во Париз: Запалени се автомобили, властите ги укинуваат автобусите и трамваите

Нови немири започнаа попладне во Париз, на третиот ден од протестите по полициското убиство на тинејџер во француската метропола. Демонстрантите фрлаат камења кон полицијата. Запалени се и автомобили. Немирите се очекува да продолжат и во вечерните часови. Француската телевизија BFMTV објави дека автобусите и трамваите ќе бидат суспендирани во парискиот... Текстот Драматична ситуација во Париз: Запалени се автомобили, властите ги укинуваат автобусите и трамваите е превземен од А1он.

Драматична ситуација во Париз: Запалени се автомобили, властите ги укинуваат автобусите и трамваите

Нови немири започнаа попладне во Париз, на третиот ден од протестите по полициското убиство на тинејџер во француската метропола.

Демонстрантите фрлаат камења кон полицијата. Запалени се и автомобили.

Немирите се очекува да продолжат и во вечерните часови.

Француската телевизија BFMTV објави дека автобусите и трамваите ќе бидат суспендирани во парискиот регион од 21 часот по локално време.

Ова уследи по барањето на претседателката на регионот Ил-де-Франс, Валери Пекрес.

Пекрес се огласи, велејќи дека одлуката е донесена за „да се заштитат корисниците на јавниот превоз“.

Таа додаде: „Нашата сообраќајна мрежа нема да биде мета на насилници и хулигани“.

Текстот Драматична ситуација во Париз: Запалени се автомобили, властите ги укинуваат автобусите и трамваите е превземен од А1он.