Ескобар: Курти има два дена да одговори на нашите барања

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар денеска изјави дека косовскиот премиер Албин Курти има два дена да одговори на барањата што му беа упатени на средбата и најави дека до петок заедно со претставникот на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, тој ќе извести дали има... Текстот Ескобар: Курти има два дена да одговори на нашите барања е превземен од А1он.

Ескобар: Курти има два дена да одговори на нашите барања

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар денеска изјави дека косовскиот премиер Албин Курти има два дена да одговори на барањата што му беа упатени на средбата и најави дека до петок заедно со претставникот на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, тој ќе извести дали има напредок или не.

Ескобар пред новинарите зборуваше и за членот 7 од Охридскиот договор, формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство, наведувајќи дека Курти има план за Заедницата, но го крие.

Тој не откри дали нацрт-статутот на Заедницата го подготвил Косово или Европската унија, но нагласи дека нацртот постои и се крие.

Ескобар, кој од вчера е во Приштина и кој заедно со Лајчак синоќа се сретнаа со Албин Курти, нагласи дека косовскиот премиер има два дена да одговори на барањата што му биле изнесени на средбата.

Ескобар и Курти денеска ќе се сретнат и со претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Текстот Ескобар: Курти има два дена да одговори на нашите барања е превземен од А1он.