Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Во базиликата Свети Петар во Ватикан, маж се соблече и застана гол пред црковниот олтар, веројатно во знак на протест поради војната во Украина, изјави денеска извор од Ватикан. pic.twitter.com/HVkOtGeyqm — Arsil (@arsagarson) June 2, 2023 Изворот наведува дека стражарите на Ватикан го предале мажот, кој не е идентификуван, на... Текстот Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар е превземен од А1он.

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Во базиликата Свети Петар во Ватикан, маж се соблече и застана гол пред црковниот олтар, веројатно во знак на протест поради војната во Украина, изјави денеска извор од Ватикан.

Изворот наведува дека стражарите на Ватикан го предале мажот, кој не е идентификуван, на италијанската полиција.

Човекот го сторил тоа пред да биде затворена базиликата во четвртокот попладне, а на грбот имал знак кој повикува на спасување на децата во Украина, изјави извор од Ватикан. Според истиот извор, тој човек имал гребаници по телото кои си ги нанел со ноктите.

Неколку италијански медиуми објавија фотографии од инцидентот направени од туристи, објави Ројтерс.

Текстот Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар е превземен од А1он.