Самостојна изложба на Билјана Билбилоска – „Фрагменти“

Утре, на 30.05.2023, во малиот салон на Ј.У. Дом на култура „Кочо Рацин“, Скопје, во 20 часот, ќе се отвори самостојна изложба насловена „Фрагменти“ на Билјана Билбилоска. Ќе бидат претставени слики изработени во акрилна и маслена техника. Тематски изложбата ги преиспитува основните ликовни принципи и постулати. Оваа изложба го раскажува... Текстот Самостојна изложба на Билјана Билбилоска – „Фрагменти“ е превземен од А1он.

Самостојна изложба на Билјана Билбилоска – „Фрагменти“

Утре, на 30.05.2023, во малиот салон на Ј.У. Дом на култура „Кочо Рацин“, Скопје, во 20 часот, ќе се отвори самостојна изложба насловена „Фрагменти“ на Билјана Билбилоска. Ќе бидат претставени слики изработени во акрилна и маслена техника.

Тематски изложбата ги преиспитува основните ликовни принципи и постулати.

Оваа изложба го раскажува наративот на формализмот во уметноста на еден современ начин, го владее реконструирањето на взаемните комуникации на боите и формите, и нивното меѓусебно влијание. Прашањата кои ќе ги постави, исто така, гравитираат околу тоа колку формата ја одредува бојата и во која мера бојата ја менува формата, ги преиспитува границите на полнотата на боите и нивната промена и минливост предизвикана од поставувањето на бојата во рамките на обликот и на линијата.

Изложбата „Фрагменти“ е поддржана од Министерството за култура на Р.С. Македонија.

Изложбата ќе трае десет дена.

Текстот Самостојна изложба на Билјана Билбилоска – „Фрагменти“ е превземен од А1он.