Институт за војна: Украинците спроведуваат контраофанзива во најмалку четири области на фронтот

Украинските сили спроведуваат контраофанзивни операции во најмалку четири области на фронтот, објави Американскиот институт за проучување на војната (ISW). Портпаролот на Источната група на украинските вооружени сили, полковник Серхиј Черевати, наведува дека украинските сили напреднале до 1400 метри на фронтот кај Бахмут. Руските воени блогери, исто така, објавија за напредокот... Текстот Институт за војна: Украинците спроведуваат контраофанзива во најмалку четири области на фронтот е превземен од А1он.

Институт за војна: Украинците спроведуваат контраофанзива во најмалку четири области на фронтот

Украинските сили спроведуваат контраофанзивни операции во најмалку четири области на фронтот, објави Американскиот институт за проучување на војната (ISW).

Портпаролот на Источната група на украинските вооружени сили, полковник Серхиј Черевати, наведува дека украинските сили напреднале до 1400 метри на фронтот кај Бахмут.

Руските воени блогери, исто така, објавија за напредокот на Украина северозападно и североисточно од Бахмут.

Руски извори ги спомнуваат украинските активности во областа Луганск кај Билохоривка, додека руското Министерство за одбрана и други руски извори тврдат дека украинските војници извршиле локализирани напади во пограничната област на регионите Доњецк и Запорожје, особено во близина на Велика Новосилка, пишува The Guardian.

Текстот Институт за војна: Украинците спроведуваат контраофанзива во најмалку четири области на фронтот е превземен од А1он.