Кина: Подготвени сме да и помогнеме на Палестина во мировните преговори со Израел

Кина е подготвена да им помогне на Палестинците да постигнат внатрешно помирување за прашањето за промовирање на мировните преговори со Израел, изјави денеска во Пекинг кинескиот претседател Си Џинпинг на својот палестински колега Махмуд Абас. „Фундаменталното решение за палестинското прашање лежи во формирањето на независна палестинска држава заснована на границите... Текстот Кина: Подготвени сме да и помогнеме на Палестина во мировните преговори со Израел е превземен од А1он.

Кина: Подготвени сме да и помогнеме на Палестина во мировните преговори со Израел

Кина е подготвена да им помогне на Палестинците да постигнат внатрешно помирување за прашањето за промовирање на мировните преговори со Израел, изјави денеска во Пекинг кинескиот претседател Си Џинпинг на својот палестински колега Махмуд Абас.

„Фундаменталното решение за палестинското прашање лежи во формирањето на независна палестинска држава заснована на границите од 1967 година со главен град источен Ерусалим“, рече Кси, цитиран од кинеските државни медиуми.

Палестинците бараат држава која ги вклучува Западниот Брег, Газа и Источен Ерусалим, кои Израел ги окупираше во војната во 1967 година. Израелските војници и доселеници се повлекоа од Газа во 2005 година, но продолжуваат да ги прошируваат своите населби на Западниот Брег, додека Израел го смета Ерусалим за своја вечна неделива престолнина. Мировните преговори со посредство на САД пропаднаа во 2014 година, а нови не се на хоризонтот.

Текстот Кина: Подготвени сме да и помогнеме на Палестина во мировните преговори со Израел е превземен од А1он.