Кларк: Русите се подготвуваат да го заземат Харков

Додека украинските сили продолжуваат со офанзивата на сите фронтови, Русија подготвува сериозен контранапад, тврди поранешниот директор на британскиот кралски институт за одбранбени студии, професор Мајкл Кларк. Кларк известува дека Русите собираат сериозни трупи околу Кремена на север. „Додека Украинците подготвуваат офанзива, Русите се обидуваат да влезат во Харков северно од... Текстот Кларк: Русите се подготвуваат да го заземат Харков е превземен од А1он.

Кларк: Русите се подготвуваат да го заземат Харков

Додека украинските сили продолжуваат со офанзивата на сите фронтови, Русија подготвува сериозен контранапад, тврди поранешниот директор на британскиот кралски институт за одбранбени студии, професор Мајкл Кларк.

Кларк известува дека Русите собираат сериозни трупи околу Кремена на север.

„Додека Украинците подготвуваат офанзива, Русите се обидуваат да влезат во Харков северно од нив. Десетици илјади војници се трупаат, па Русија го има својот контранапад подготвен, предупредува британскиот аналитичар.

И официјален Киев наведува дека Русија распоредила повеќе од 180.000 нови војници на двата главни источни фронта во Украина.

„Повеќе од 180.000 припадници на руските трупи се распоредени во областа на одговорност на Источната група сили, на Лиманско-купјанскиот фронт. Овој фронт е подолг, поради што непријателот таму ги концентрира силите“, изјави Серхи Черевати, портпарол на источната група на украинските вооружени сили, пренесува Си-Ен-Ен.

Мајкл Кларк истакнува дека недостатокот на воздухопловна супериорност на Украина е во корист на Русија со тоа што дозволува воздушни напади врз конвои и војници заглавени во густо минирани области.

– Ако не можете доволно брзо да поминете низ минските полиња, тогаш станувате лесна цел, вели Клар, додавајќи дека Украина мора да ги исчисти минските полиња пред да нападне повторно.

Текстот Кларк: Русите се подготвуваат да го заземат Харков е превземен од А1он.