Пукање во Тексас: Најмалку тројца мртви, осуммина ранети

Најмалку три лица загинаа, а осум се ранети во престрелка во градот Форт Ворт во американската сојузна држава Тексас, соопшти полицијата. Според полицијата, „прерано е да се каже“ дали пукањето е поврзано со активност на банди, семејни расправии или нешто друго, пренесува Си-Ен-Ен. Повредените во престрелката, која се случи непосредно... Текстот Пукање во Тексас: Најмалку тројца мртви, осуммина ранети е превземен од А1он.

Пукање во Тексас: Најмалку тројца мртви, осуммина ранети

Најмалку три лица загинаа, а осум се ранети во престрелка во градот Форт Ворт во американската сојузна држава Тексас, соопшти полицијата.

Според полицијата, „прерано е да се каже“ дали пукањето е поврзано со активност на банди, семејни расправии или нешто друго, пренесува Си-Ен-Ен.

Повредените во престрелката, која се случи непосредно пред полноќ по локално време, се пренесени во локалните болници, изјави претставник на полицијата на прес-конференција.

Други детали засега не се познати.

Текстот Пукање во Тексас: Најмалку тројца мртви, осуммина ранети е превземен од А1он.