Маж загина на кров од вагон кај Демир Капија

Едно лице загина на кров од вагон кај Демир Капија, информираа вечерва од Центар за управување со кризи. Оттаму нагласија дека лицето, најверојатно мигрант, загинало од струен удар. – ЦУК информира дека од Македонски железници известиле, дека, од 17:15 часот, поради тоа што на кровот на товарниот воз на релација... Текстот Маж загина на кров од вагон кај Демир Капија е превземен од А1он.

Маж загина на кров од вагон кај Демир Капија

Едно лице загина на кров од вагон кај Демир Капија, информираа вечерва од Центар за управување со кризи. Оттаму нагласија дека лицето, најверојатно мигрант, загинало од струен удар.

– ЦУК информира дека од Македонски железници известиле, дека, од 17:15 часот, поради тоа што на кровот на товарниот воз на релација Гевгелија – Табановце – Скопје на станицата во Демир Капија, се качило лице (најверојатно мигрант) и по допир со инсталацијата што е под напон, дошло до негова смрт. На лице место се излезени екипи на МВР, Пожарна и Брза помош. По завршување на увидот, железничкиот сообраќај е пуштен во 20.05 часот, соопштија од ЦУК.

Текстот Маж загина на кров од вагон кај Демир Капија е превземен од А1он.