Надал се огласи по операцијата: Санирани две повреди, познато кога ќе се врати на теренот

Рафаел Надал минува низ тежок период, бидејќи поради повреда на колкот мораше да оди на операција, која помина добро. Шпанецот по операцијата се огласи на социјалните мрежи и откри кога ќе се врати на терените. View this post on Instagram A post shared by Rafa Nadal (@rafaelnadal) „Здраво на сите!... Текстот Надал се огласи по операцијата: Санирани две повреди, познато кога ќе се врати на теренот е превземен од А1он.

Надал се огласи по операцијата: Санирани две повреди, познато кога ќе се врати на теренот

Рафаел Надал минува низ тежок период, бидејќи поради повреда на колкот мораше да оди на операција, која помина добро.

Шпанецот по операцијата се огласи на социјалните мрежи и откри кога ќе се врати на терените.

„Здраво на сите! Како што знаете, имав операција синоќа. Сè одеше добро со артроскопијата на левата псоас тетива, која ме исфрли од конкуренција од јануари. Регулирана е и старата повреда на лабрумот на левиот колк, што сигурно ќе помогне тетивата да еволуира подобро. Сакам да им се заблагодарам на лекарите Марко Филипон, Хаиме Вилар и Анхел Руиз-Котор за нивната работа. Веднаш ќе започнам со прогресивна функционална рехабилитација и нормалниот процес на закрепнување за кој ми е кажано е пет месеци, доколку се биде добро. Ви благодарам повторно за сета поддршка што ми ја давате и ми ја пружате секој ден. Денес, исто така на мојот роденден, не е посакувано или сонувано место, но е живот. Ви благодарам на сите“, напиша Надал со слика од креветот.

Најверојатно Надал нема да го видиме на теренот до почетокот на следната сезона, а јасно е дека Шпанецот ќе направи се за да биде во најдобар ред за сезоната на земјени терени во 2024 година.

Текстот Надал се огласи по операцијата: Санирани две повреди, познато кога ќе се врати на теренот е превземен од А1он.