Обилни дождови во Кина: 15 мртви, илјадници евакуирани

Петнаесет лица загинаа во Кина, а четири се водат како исчезнати по бурните дождови во југозападниот дел на земјата, додека илјадници луѓе се евакуирани од своите домови, објави во средата официјалната новинска агенција Ксинхуа. Како резултат на обилните дождови, „15 лица загинаа, а четворица се водат како исчезнати во Чонгкинг... Текстот Обилни дождови во Кина: 15 мртви, илјадници евакуирани е превземен од А1он.

Обилни дождови во Кина: 15 мртви, илјадници евакуирани

Петнаесет лица загинаа во Кина, а четири се водат како исчезнати по бурните дождови во југозападниот дел на земјата, додека илјадници луѓе се евакуирани од своите домови, објави во средата официјалната новинска агенција Ксинхуа.

Како резултат на обилните дождови, „15 лица загинаа, а четворица се водат како исчезнати во Чонгкинг во југозападна Кина“, се вели во извештајот во средата рано наутро, пренесе агенцијата, повикувајќи се на локалните власти.

Потврдата за постоењето на жртвите доаѓа еден ден откако метеоролошките служби предупредија за можни непогоди предизвикани од дождовите кои зафатија голем дел од центарот и југозападот на земјата, во исто време кога беа соборени температурните рекорди.

Претседателот Си Џинпинг нареди „властите на сите нивоа да дадат приоритет на обезбедувањето на безбедноста на луѓето и имотот“, додаде China News во средата.

Текстот Обилни дождови во Кина: 15 мртви, илјадници евакуирани е превземен од А1он.