Одложен генералниот штрајк на вработените во УЈП

Синдикатот на вработените во Управата за јавни приходи соопшти дека го одложува генералниот штрајк закажан за денеска. Одлуката да се одложи штрајкот како што велат од Синдикатот на вработените во УЈП, е поради одложувањето на процесот на помирување. Назначениот помирувач Лазар Јовевски вчера побарал иземање затоа што бил во странство... Текстот Одложен генералниот штрајк на вработените во УЈП е превземен од А1он.

Одложен генералниот штрајк на вработените во УЈП

Синдикатот на вработените во Управата за јавни приходи соопшти дека го одложува генералниот штрајк закажан за денеска. Одлуката да се одложи штрајкот како што велат од Синдикатот на вработените во УЈП, е поради одложувањето на процесот на помирување.

Назначениот помирувач Лазар Јовевски вчера побарал иземање затоа што бил во странство и не можел да се врати за три дена, односно во рокот во кој треба да преговара со Министерството за финансии.

„Помирувачот се иззема. Бил во странство, а рокот за да постапи му е три дена. Во тој период не можел да се врати. Утре ние треба да предложиме некого, да пуштиме писмо до Министерството за труд и социјална политика“, изјавија од Синдикатот на УЈП.

Вработените во УЈП веќе три недели протестираат со барање да се почитува колективниот договор и да им се зголемат платите за 30 отсто исто како што тоа беше направено со вработените во Министерството за финансии. Вработените во УЈП и денеска ќе протестираат во периодот од 10 до 12 часот.

Текстот Одложен генералниот штрајк на вработените во УЈП е превземен од А1он.