Патник на скопскиот аеродром се обидел да пренесе 100.000 евра во џебови: Царина му заплени 90.000 евра

Царинските службеници од царинската испостава Аеродром спречија обид за нелегално изнесување на девизи и запленија 90.000 евра по извршена контрола на патникот Х.А. кој патувал на релација Скопје – Цирих. Патникот, инаку странски државјанин, на Меѓународниот аеродром Скопје се пријавил со само еден сив куфер, по што се упатил на... Текстот Патник на скопскиот аеродром се обидел да пренесе 100.000 евра во џебови: Царина му заплени 90.000 евра е превземен од А1он.

Патник на скопскиот аеродром се обидел да пренесе 100.000 евра во џебови: Царина му заплени 90.000 евра

Царинските службеници од царинската испостава Аеродром спречија обид за нелегално изнесување на девизи и запленија 90.000 евра по извршена контрола на патникот Х.А. кој патувал на релација Скопје – Цирих.

Патникот, инаку странски државјанин, на Меѓународниот аеродром Скопје се пријавил со само еден сив куфер, по што се упатил на излез од Република Северна Македонија и не пријавил ништо за царинска контрола.

При контрола на патникот од страна на царински службеник, во предните и задните џебови се пронајдени 100 илјади евра кои не биле пријавени, со што е сторен прекршок по член 56-в став 2 од Законот за девизно работење.

Согласно Законот вратени му се 10 илјади евра, а останатите 90 илјади евра за кои не поседувал документ се привремено задржани.

Против лицето е поднесена пријава за девизен прекршок до надлежниот суд.

Текстот Патник на скопскиот аеродром се обидел да пренесе 100.000 евра во џебови: Царина му заплени 90.000 евра е превземен од А1он.