Покачување од 12,55 отсто на платите во јавниот сектор: Синдикатите и Владата блиску до договор

Инфлацијата од 14,5 отсто за 2022 година да биде основен параметар за зголемување на платите во јавниот сектор рече по седницата на економско-социјалниот совет во Владата, новиот претседател на ССМ, Слободан Трендафилов. – Веројатно нијанси се во прашање, но тие може да бидат големи. Тоа што охрабрува е што има... Текстот Покачување од 12,55 отсто на платите во јавниот сектор: Синдикатите и Владата блиску до договор е превземен од А1он.

Покачување од 12,55 отсто на платите во јавниот сектор: Синдикатите и Владата блиску до договор

Инфлацијата од 14,5 отсто за 2022 година да биде основен параметар за зголемување на платите во јавниот сектор рече по седницата на економско-социјалниот совет во Владата, новиот претседател на ССМ, Слободан Трендафилов.

– Веројатно нијанси се во прашање, но тие може да бидат големи. Тоа што охрабрува е што има поместување од страна на министерството за финансии во поглед на нашите забелешки. За ССМ е прифатлив е моделот од 2,5 години за да добиеме методологија како во делот за минимална плата со коефициент за сложеност.

Но, ние од ССМ сметаме доколку од септемри се случи примената на Општиот колективен договор, фунцкионерските плати треба да се вратат на нивото пред одлуката на Уставниот суд и зголемувањето на платите да биде како за нив така и за работниците. Тоа што ние го предложивме, инфлацијата од 14,5 за 2022 година да биде основен параметар за зголемување на платите од најниска категорија на работно место до највиското, претседател.

Дискусијата одеше на тоа дали да се земе зголемувањето на минималната плата од 12,55% или да се земе зголемувањето на просечната плата од 10,9%. Во среда продолжуваме со состаноци во минисрерството за финансии и таму ќе разговараме за можно решение кое ќе важи за сите во јавниот сектор – рече Трендафилов.

Од СОНК сметаат дека најмалку 12,55 покачување и исплата на К-15 до крајот на годинава ќе ги компензира зголемените трошоци на вработените поради инфлацијата од 2022 година.

Текстот Покачување од 12,55 отсто на платите во јавниот сектор: Синдикатите и Владата блиску до договор е превземен од А1он.